logo
logo
logo

Администрацијата на Трамп побара помош од воена база во близина на Чикаго за антиимигрантски мерки

Vecer | 29.08.2025

Администрацијата на Трамп побара помош од воена база во близина на Чикаго за антиимигрантски мерки

Ова, сметаат американските медиуми, е индикација за тоа како би можел да изгледа проширениот опсег на антиимигрантските мерки во третиот по големина град во САД.

Министерството за внатрешна безбедност побара од поморската база „Големи езера“ „ограничена поддршка во форма на објекти, инфраструктура и други логистички потреби за поддршка на операциите на Министерството за внатрешна безбедност“, изјави Мет Могл, портпарол на базата, која се наоѓа 56 километри северно од Чикаго.

Барањето дојде неколку недели откако републиканската администрација распореди војници од Националната гарда во Вашингтон за борба против криминалот, имиграцијата и бездомништвото.

Два месеци претходно, со истата цел таа испрати војници и во Лос Анџелес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk