logo
logo
logo

Администрацијата на Бајден работи со ФБИ на истрагите околу заканите кон некои политичари

Vecer | 30.11.2024

Администрацијата на Бајден работи со ФБИ на истрагите околу заканите кон некои политичари

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека неговата администрација соработува со Федералното биро за истраги (ФБИ) за отстранување на заканите упатени кон законодавците и неколку кандидати за членови на новиот кабинет на избраниот претседател Доналд Трамп.

Изјавата доаѓа по заканите испратени неделава до некои американски политичари.

Сет Магазинер, член на Претставничкиот дом од редовите на демократите, изјави вчера дека непознати лица му се заканиле дека ќе ја разнесат неговата куќа. Ова се случило ден откако шестмина демократи-законодавци од Конектикат пријавиле слични закани за време на празникот Ден на благодарноста. Според законодавците, безбедносните органи не откриле никакви траги на експлозивни направи.

Пит Хегсет, номиниран од Трамп за министер за одбрана на САД, и Ли Зелдин, предложен да биде раководител на Агенцијата за заштита на животната средина, биле меѓу политичарите кои во вторникот и средата добија закани за бомби.

- Демократите во Претставничкиот дом нема да бидат запрени ниту заплашени со закани за насилство додека служат на народот, изјави вчера лидерот на демократите Хаким Џефрис.

Претставник на ФБИ претходно изјави дека агенцијата води истрага за инцидентите соработувајќи со други безбедносни служби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk