logo
logo
logo

Цената на среброто денес го достигна највисокото ниво во последните 13 години

Vecer | 05.06.2025

Цената на среброто денес го достигна највисокото ниво во последните 13 години

Во текот на денот, цената на јулските фјучерси за сребро на берзата Comex се зголеми за речиси четири проценти на 36,02 долари за унца.

Како што беше објавено, во 16:55 часот, среброто се продаваше за 35,96 долари за унца.

Од почетокот на годината, цените на среброто се зголемија за речиси 21 процент, објави CNN.

Според Институтот за сребро, глобалната понуда на сребро во 2024 година била за околу 15 проценти помала од побарувачката, а се очекува пазарот да биде во дефицит и оваа година.

Среброто сè уште заостанува зад златото, чија цена се зголеми за околу 25 проценти оваа година и моментално се движи околу 3.400 долари за унца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk