Судот во Њујорк
назначи 12 поротници кои ќе ја донесат конечната пресуда во врска со
обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно
фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања на порно актерката
Сторми Даниелс, пред судот во Менхетен.
Меѓу 12-те
поротници има седум мажи и пет жени, според CBS News. Изборот на поротата ќе
продолжи денеска, бидејќи пред почетокот на судењето треба да се изберат уште
шест алтернативни поротници.
„Имаме порота“,
рече судијата Хуан Меркан откако новите поротници дадоа заклетва дека ќе
донесат одлуки „праведно и непристрасно“, рече Мерџан, рече дека судот е на пат
да го започне судењето со воведни изјави во понеделник, 22 април.
Обвинението
поднесено од обвинителот Алвин Брег го обвинува Трамп за фалсификување деловни
документи во 34 точки и е прво кривично обвинение против американски
претседател.
Обвинителството
тврди дека Трамп со фалсификување документи всушност сакал да го прикрие своето
влијание врз изборната кампања во 2016 година, односно да ја намали штетата што
би била предизвикана од обелоденувањето на наводните афери.
Трамп ги отфрли
сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани.