logo
logo
logo

„Мора да бидеме подготвени, во 2030 година...

Vecer | 21.03.2025

„Мора да бидеме подготвени, во 2030 година...

Лидерите на ЕУ сега се согласуваат дека Унијата мора да биде целосно способна да се одбрани од руски напад до 2030 година, и покрај претходниот отпор на некои земји-членки до тој рок, изјави полскиот премиер Доналд Туск.

Говорејќи по самитот на лидерите на ЕУ на кој се разговараше за планот на ЕУ за зајакнување на одбранбените капацитети, Туск рече дека земјите кои сега трошат помалку за одбраната не се подготвени да го прифатат петгодишниот план предложен од Европската комисија.

„Нашиот став, кој го делиме со Данска и Шведска, беше дека колку повеќе Русија има предност денес, толку повеќе треба да брзаме. Конечно, како Европски совет, ја прифативме оваа заложба дека до 2030 година Европа мора да има целосни одбранбени капацитети“, рече Туск.

Тој нагласи дека до 2030 година Европа мора да биде посилна од Русија „во поглед на војската, оружјето, технологијата“, пишува Ројтерс.

Туск рече дека рокот од пет години одговара на анализата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека ова е времето што го има Европа, пред Русија да ги обнови своите офанзивни способности по загубите што ги претрпе во Украина, доволно за да биде подготвена да ја нападне Европа.

„Клучно е Европа да биде навистина способна да се одбрани и да го одврати (рускиот претседател Владимир) Путин. Или се работи помалку за одбрана, а повеќе за покажување преку факти и одлуки дека Путиновата Русија нема шанси против Европа која е обединета и добро вооружена. Ова е единствениот ефикасен метод за да се избегне војна, заклучи Туск.

Шпанија потроши 1,28 отсто од БДП за одбрана во 2024 година, а Италија 1,49 отсто, што е значително помалку од договорената цел на НАТО од два отсто од БДП, и покрај тригодишната војна во Украина и притисокот на САД за натамошно зголемување на целта на НАТО за трошоците за одбрана.

Словенија, Белгија и Португалија исто така трошат меѓу 1,29 и 1,55 отсто од БДП за одбрана.

Италија планира да ги зголеми воените трошоци на 1,6 отсто од БДП до 2027 година, додека Шпанија сака да ја достигне целта за трошоци на НАТО од два отсто од БДП пред 2029 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk