Полицијата добила повик од нејзиниот дом во населбата Беверли Драјв, пријавена дека Абер била во несвест, а по пристигнувањето ја пронашле мртва, пренесува Индипендент.
Според полицијата, во тек е истрага за околностите на нејзината смрт.
Абер служеше како обвинителка во поголемиот дел од мандатот на администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, почнувајќи од октомври 2021 година, а поднесе оставка од својата функција во јануари оваа година, откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа.
Абер ја започнала својата кариера во 2009 година, справувајќи се со случаи на измама, јавна корупција, насилни злосторства и експлоатација на деца.
Актуелниот американски обвинител за источниот округ на Вирџинија, Ерик Зиберт изрази длабоко жалење за смртта на Абер, упатувајќи сочувство до нејзиното семејство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата