ПОВТОРНО ГОРАТ ТАНКЕРИ ВО ОРМУЗ - Мини на секоја педа!

Vecer | 16.11.2026

ПОВТОРНО ГОРАТ ТАНКЕРИ ВО ОРМУЗ - Мини на секоја педа!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Два нафтени танкера налетале на морски мини во Ормускиот мореуз, што предизвикало силни експлозии, соопшти денеска Иранската револуционерна гарда во официјална објава пренесена од иранските државни медиуми. Според информациите на Гардата, ова е продолжение на серијата опасни инциденти во овој стратегиски пловен пат, каде што во текот на вчерашниот и денешниот ден при слични околности се запалиле вкупно шест танкери.

Серијата експлозии и пожари на пловила во Ормускиот мореуз дополнително ги зголемува тензиите и безбедносните ризици во една од најкритичните светски точки за транспорт на нафта и енергенти, предизвикувајќи сериозна загриженост за стабилноста на глобалниот поморски сообраќај и снабдувањето со енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk