Германската влада изјави дека очекува пакетот помош од Европската Унија за Украина од 90 милијарди евра да биде брзо ослободен по изборите во Унгарија.
Портпаролот на германската влада изјави дека гласањето „буди надеж“ дека средствата би можеле да бидат одобрени „многу брзо“, додавајќи дека Берлин очекува брзо да се формира нова влада во Будимпешта, објави Ројтерс.
„Германската влада работи на ова и со нетрпение очекува брзо формирање влада во Унгарија“, рече портпаролот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата