Повеќето нови случаи на ебола во делови од Демократска Република Конго немаат позната врска со веќе регистрираните пациенти, изјави директорот за вонредни состојби на Светската здравствена организација (СЗО), Чикве Ихеквезу. Тој предупреди дека вистинскиот обем на епидемијата би можел да биде два до четири пати поголем од официјално пријавениот.
„Осумдесет проценти од новите пациенти не се наоѓаат на познатите листи на контакти во Бунија, жариштето на епидемијата во провинцијата Итури. Во областите со помал број случаи, како што е провинцијата Северен Киву, речиси сите новозаразени се од познатите листи на контакти, што укажува на одреден напредок“, изјави Ихеквезу, пренесува Ројтерс.
Според најновите податоци што Владата на Демократска Република Конго ги објави во четвртокот, епидемијата досега погодила 1.792 лица, а 625 лица починале од последиците на болеста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата