logo
logo
logo

Европско национално самоубиство

Левичарска политика: КОЕ ИМЕ НАЈЧЕСТО СЕ ДАВА НА БЕБИЊАТА ВО БРИТАНИЈА? Не е ни Џон, ни Вилијам...

Vecer | 10.07.2026

Левичарска политика: КОЕ ИМЕ НАЈЧЕСТО СЕ ДАВА НА БЕБИЊАТА ВО БРИТАНИЈА? Не е ни Џон, ни Вилијам...

Европа со децении промовира левичарска политика: бракови без деца, истополови бракови, промена на полот... Патем, учество во десетици воени акции во Африка, Азија и арапскиот свет, кои оставија зад себе уништени општества и економии кои произведоа милиони бегалци - во Европа!

Комбинацијата од овие политички и воени фактори директно придонесе за голем број мигранти и промени во културната, религиозната и етничката карта на европските земји, кои моментално имаат над 60 милиони луѓе кои емигрирале во Европа од земји погодени од војна и осиромашени во последните две децении.

Во Европската Унија, според Евростат, (Без Велика Британија) живеат рекордни 64,2 милиони мигранти (Приближно колку што вкупно има жители Франција) .

Оваа бројка вклучува луѓе кои се родени надвор од границите на ЕУ. Најмногу мигранти има во Германија, околу 14 милиони мигранти или 17,5% од населението. Најголем процент мигранти во однос на вкупното анселени има во Малта - 22,3%.

Најголем број доаѓаат од земји надвор од ЕУ како делови од Азија, Африка и Блискиот Исток. Дел од нив се државјани на една земја членка на ЕУ кои се преселиле да живеат во друга земја членка. 

Според потеклото на мигрантите тие, во убедливо доминантен дел, доаѓаат од исламски држави носејќи со себе свои обележја на културата, верата и навиките кои не се секогаш компатибилни со средината во која доаѓаат и предизвикуваат немири и тензии меѓу локалното население.

Што произведе левичарската политика?

Во Велика Британија живеат околу 13 милиони луѓе кои се родени надвор од земјата. Околу 19% од вкупното население во земјата се мигранти. Податоците се делат на две главни групи: Родени надвор од ЕУ се околу 6,8 милиони луѓе. Родени во земјите од ЕУ се 4 милиони.

Името Мухамед е рангирано на прво место по популарност кај новородените момчиња во Англија и Велс трета година по ред.

Меѓу 60-те најпопуларни имиња се и неколку други варијации, како што се Мухамед и Мoхамед.

По Мухамед, Ноа, Лео, Лук и Артур се вкупно петте најпопуларни имиња, според податоците од Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Политиката на неоколонијализам, постојано поттикнување војни како и деректно учество во војните од страна на европските држави во Азија, Африка и арапскиот свет ги уништи нивните општества но, предизвика и сериозни промени кои се закана за сопствените држави кои, по левичасрката политика, останаа без традиционалните семејства, без деца во семејствата и потоа без доволен број нова, млада работоспособна генерација. Тој простор сега им припаѓа на мигрантие.

Целата ситуација прилично сликовито се гледа ако се земе примерот на фудбалдката репрезентација на Франција на ова светско првенство.

Франција со свој тим е презентација на мигрантската политика во земјата. Дури 17 од вкупно 23 фудбалери се по потекло од други држави, не од Франција. Овие играчи се родени во Франција или нејзините прекуокеански територии (колинии), но нивните родители се по потекло од различни делови на светот (Африка и Карибите).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk