По серија воздушни напади на САД врз најзначајните ирански нуклеарни постројки во Фордо, Исфахан и Натанз, Иран возврати со ракетен напад кон Израел.
Поголемиот дел од испалените ракети беа пресретнати од израелската противракетна одбрана, но неколку успеаја да ја избегнат заштитата.
Израелските власти известија дека 15 лица се здобиле со полесни повреди, додека еден 30-годишен маж се здобил со потешки повреди.
Меѓу целите на овој напад бил и Меѓународниот аеродром Бен Гурион кај Тел Авив, информираа од иранската Револуционерна гарда.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата