Во центарот на Москва одекнаа три силни детонации. Автомобилот експлодирал во подземната гаража под трговскиот центар, а црн чад се издигал над градот Москва.
Експлозиите предизвикаа голем пожар, а густ црн чад се издигна над зградите во близина на реката Москва, предизвикувајќи паника меѓу граѓаните и посетителите, пишува британскиот весник „Сан“.
Според првите извештаи, експлозиите ги предизвикал автомобил кој бил паркиран во подземен комплекс. Се уште не е потврдено дали имало некој во возилото во моментот на експлозијата.
Возачите на другите возила брзо ги префрлиле своите автомобили на улица, а пожарникарите и итните служби брзо реагирале и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.
Локалните власти не ја исклучија можноста за саботажа или терористички напад, а истрагата во моментов е во тек. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа автомобил во подземниот простор, додека од гаражата излегува чад.
⚡️At least three powerful explosions occurred in "Moscow City" pic.twitter.com/rTPwHuiLqG
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) April 23, 2025
Засега нема потврдени жртви, а надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да пријават секаква сомнителна активност.
Инцидентот доаѓа по серијата слични безбедносни инциденти во Москва, вклучувајќи го и убиството на прорускиот паравоен лидер на почетокот на оваа година. Градот и понатаму е во состојба на готовност додека истрагата продолжува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата