logo
logo
logo

Што следи по овој морничав повик од Москва: ДИПЛОМАТИ, НАПУШТЕТЕ ГО КИЕВ

Vecer | 07.05.2026

Што следи по овој морничав повик од Москва: ДИПЛОМАТИ, НАПУШТЕТЕ ГО КИЕВ

Русија и годинава ќе ја одржи традиционалната воена парада во Москва на Црвениот плоштад на 9. мај, денот на победата над фашизмот но, поради заканите од Украина дека на тој ден постои можност од украински ракетен напад врз Москва парадата ќе се организира во скратен формат: без презентација на оружјето за масовно уништување, со доминација на луѓе од армијата и војската, е на на оружје.

Заканата од Украина во Москва е примена крајно сериозно. Нагласена е контразакана дека на секој вооружен напад врз воениот и државен врв на Русија ќе биде одговорено со употреба на сите расположиви средства “без лимит“. Оваа формулација е разбрана како закана со контранпад врз украина и со тактичко нуклеарно оружје, пред се врз Киев и сите центри на одлучување во државата украина, вклучитено Собранието и престедателот Зеленски, што е дел и од стратешката доктрина на Русија во прилики на масивен напад врз претседателот на држава.

Русија ги повика сите странски дипломати навреме да го напуштат Киев.

Главните пораки дојдоа од портпаролот на руското МНР Марија Захарова:

- Европската Унија „сериозно се лаже себеси“ ако мисли дека ќе може да ги замолчи јавно искажаните закани на Владимир Зеленски за напад врз Москва;

- Руското Министерство за надворешни работи силно ги повикува странските земји веднаш да ги евакуираат своите дипломати од Киев;

- Предупредувањето на руското Министерство за одбрана беше директен одговор на изјавите на Зеленски;

- Доколку Киев спроведе, како што се наведува, „криминални планови“ за време на прославите на Денот на победата, ударот ќе биде насочен и кон центрите за донесување одлуки;

- Руското Министерство за надворешни работи укажува на „неизбежноста“ на одмазднички удар од страна на руските вооружени сили против Киев во случај да се реализираат терористичките намери на режимот;

- Министерството за надворешни работи ги повика сите странски дипломатски мисии сериозно да ја сфатат изјавата на руското Министерство за одбрана во врска со заканите од Киев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk