Иранската влада основаше агенција за проверка и оданочување на бродовите кои сакаат да поминат низ Ормускиот Теснец, соопшти денеска американската фирма за податоци во превозот „Лојдс Лист Интелиџенс“ (Lloyd’s List Intelligence). Агенцијата, наречена Управа за Персискиот Заливски Теснец, се позиционира како единствен важечки орган кој може да даде дозвола на бродовите што поминуваат низ теснецот, соопшти „Лојдс“ на онлајн брифинг.
Обидот на Иран да ја формализира контролата врз каналот предизвика нова загриженост во врска со меѓународното поморство, бидејќи стотици комерцијални бродови се заробени во Персискиот Залив и не можат да стигнат до отвореното море.
Иран го затвори Ормускиот Теснец, витален пловен пат за транспорт на нафта, гас, ѓубрива и други нафтени деривати, додека САД ги блокираат иранските пристаништа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата