Конфликтот на Блискиот Исток, шок за берзите. Преминува ли регионалниот судир во светска војна за енергенси? Цените на референтната нафта „брент“ се искачи на 104 долари за барел, по најавите на Американскиот претседател за блокада на Ормутскиот теснец.
Цената е на највисоко ниво изминатите 4 години, претходно падна и под 100 долари за барел по објавувањето на примирјето минатата недела.Американскиот претседател реагираше и на проповедта на папата Лав во саботата, во која тој упати директен апел до владетелите: „Запрете! Време е за мир!“.
Вчера, Трамп објави и дека американската морнарица ќе спроведе блокада на Ормускиот теснец за сите бродови што платиле за премин кон Иран, а се закани дека во блокадата ќе бидат вклучени и други земји.
„Нивната војска е уништена, целата нивна морнарица е под вода, знаете 158 бродови им исчезнаа, нивната морнарица е исчезната, повеќето од нивните минофрлачи ги нема. И друдфите нации работат на тоа Иран да не може да продава нафта и тоа ќе биде многу ефикасно.
-Зошто толку го нападнавте Папата Лео на социјалните мрежи? Не ни допаѓа Папа кој ќе каже дека е во ред да се има нуклеарно оружје, не сакаме Папа кој вели дека криминалот е во ред во нашите градови. Не ми се допаѓа, не сум голем обожавател на папата Лео.“
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Британија нема да се придружи на поморската блокада на Ормутскиот теснец. Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, кој беше учесник во неуспешните мировни разговори.го исмеа американскиот претседател по заканата за блокада на иранските пристаништа и му поча да ужива во сегашните цени, бидејќи наскоро ќе бидат носталгични по бензинот од 4–5 долари.
Иранската Исламска револуционерна гарда издаде предупредување дека сите воени бродови што се приближуваат кон Ормускиот теснец ќе бидат третирани како кршење на прекинот на огнот и ќе се соочат со „суров и решителен“ одговор
„Прашањето за Ормутскиот теснец, не е нешто кое што го отвораме и го затвораме преку преговори. Тоа е воден пат кој што му припаѓа на исламски Иран, и со години им дозволуваме на луѓето да доаѓаат и да заминуваат со толеранција, гостопримство и великодушност. Сега сакаме да го искористиме ова легитимно национално право. “
Кревките услови за прекин на огнот се соочуваат со зголемен притисок, што предизвикува загриженост за потенцијална ескалација и нарушување на меѓународните поморски патишта, оценуваат познавачите на состојбите.
„Претседателот повторно се вклучува во екстремистичка реторика, како што споменавте „ѓаволот е во деталите“. Можат ли всушност да спроведат блокада на Ормутскиот теснец, за да поништат друга блокада за која што се загрижени? И доколку технички може тоа да се изведе, ќе треба да почекаме да видиме и како Иранците ќе реагираат. На крајот сево ова води до целосно нарушување на сообраќајот во Ормутскиот теснец и надвор од него, а тоа би било скапо за сите вклучени страни.“
Ормутскиот теснец, глобална енергетска артерија останува централен за растечките тензии. Ставот на Иран е нулта толеранција за воен притисок и повод за нова поморска ескалација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата