Двете страни усвоија 20 документи, од кои некои беа потпишани од лидерите на двете земји, пренесува агенцијата РИА Новости и додава дека, конкретно, Путин и Си објавиле заедничка изјава за понатамошно зајакнување на партнерството и продлабочување на односите меѓу Русија и Кина, како и заедничка декларација за развој на мултиполарен свет и нов тип на меѓународни односи.
За време на посетата, страните исто така потпишаа низа меѓувладини, меѓуодделни и комерцијални документи. Овие документи се однесуваат на продлабочување на соработката во областите на нуклеарната енергија, индустријата, трговијата, транспортот, градежништвото, образованието, кинематографијата и други области.
Церемонијата на потпишување на билатералните документи се одржа денеска, по разговорите меѓу двајцата лидери во Пекинг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата