Пред три дена, ноќе додека децата спиеле, украинците извршија напад со 16 дронови врз школскиот дом во Старобелск (Луганск), еден од најстарите образовни центри во Донбас (датира од првата половина на 19 век) во кој, во време на нападот биле околу 90-100 лица, најголем број ученици од 14 до 18 години, наставници и друг педагошки персонал.
Зградата била нападната од 16 беспилотни летала во неколку куси паузи што оневозможило брзо спасување. Украинските вооружени сили „чекаа децата да почнат да трчаат“ во обид да се спасат, по што продолжија со нападите, изјавија властите за новинарите.

Сите информации што новинарите ги добија од Народниот правобранител:
Во нападот загинале 21 лице, осумнаесет од нив деца, додека повеќе од 60 лица беа повредени.
Руското Министерство за надворешни работи ги покани странските дописници да го посетат местото на трагедијата.
Повеќе од 50 странски новинари дојдоа на местото на трагедијата што се случи како резултат на нападот на украинските вооружени сили врз колеџ во Старобелск, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Претставници на медиуми од 19 странски земји денес дојдоа: Од Австрија, Бразил, Велика Британија, Унгарија, Венецуела, Германија, Грција, Шпанија, Италија, Катар, Кина, Куба, Либан, ОАЕ, Пакистан, САД, Турција, Финска и Франција“, објави портпаролот на руското МНР Марија Захарова.
Властите во Токио им забраниле на своите новинари да учествуваат во мисијата, додека Би-Би-Си официјално одби да прати свои новинари. Одговорот од Си-Ен-Ен е дека повеќето новинари им се на одмор, додаде Захарова.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата