logo
logo
logo

Марин Ле Пен потврди дека ПЛАНИРА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Vecer | 13.05.2026

Марин Ле Пен потврди дека ПЛАНИРА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Шефицата на пратеничката група на крајно десничарската партија Национален собир (НС) во францускиот парламент, Марин Ле Пен, потврди дека планира да се кандидира на претстојните претседателски избори, објавија денес француските медиуми.

„Секако дека планирам да се кандидирам на претседателските избори. Реков дека нема да се кандидирам ако судскиот систем ме спречи во тоа“, изјави Ле Пен во интервју за RTL, додавајќи дека ќе се кандидира за својата партија дури и ако добие условна казна, објави BFM TV.

Апелациониот суд во Париз треба да одлучи за жалбената постапка во случајот со асистентите на европратениците од НС на 7 јули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk