Советот за безбедност на ОН денеска треба да гласа за резолуцијата за заштита на пловидбата низ Ормускиот Теснец. Текстот е значително изменет откако Кина се спротивстави на првичниот предлог кој овластуваше употреба на воена сила против иранската блокада.
Поради притисокот од Пекинг и Москва, Бахреин како предлагач мораше да направи отстапки.
Новата верзија изоставува какво било експлицитно овластување за напад. Наместо „сите потребни средства“, текстот сега само ги „охрабрува“ државите да координираат дефанзивни напори и да обезбедуваат придружба на трговските бродови.
Резолуцијата поддржува одвраќање на обидите за попречување на меѓународната пловидба низ оваа витална енергетска артерија.
Ситуацијата останува тензична поради спротивставените ставови на големите сили.
Како најголем купувач на нафта што минува низ Теснецот, Пекинг инсистира на прекин на огнот, тврдејќи дека легитимирањето на силата само ќе ја ескалира војната.
Во меѓувреме, претседателот Доналд Трамп упати последно предупредување до Техеран дека земјата може да биде „уништена“ доколку не го исполни вечерниот рок за постигнување договор.
Сепак, Техеран и понатаму се противи на отворање на Хормуз додека не се постигне траен крај на војната.
Иако ублажената верзија има поголеми шанси за усвојување, неизвесно е дали ќе ги добие потребните девет гласа без вето од постојаните членки.
Додека дипломатите преговараат во Њујорк, цените на нафтата продолжуваат да растат поради петнеделната блокада на клучната точка низ која минува една петтина од светското снабдување со енергенси.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата