logo
logo
logo

Трамп одобрил напад врз Иран? Пред конечното „ЗЕЛЕНО СВЕТЛО“, чека уште една информација?

Vecer | 18.06.2025

Трамп одобрил напад врз Иран? Пред конечното „ЗЕЛЕНО СВЕТЛО“, чека уште една информација?

Повикувајќи се на три извори од Белата куќа, „Волстрит џурнал“ објави дека американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на високите советници дека ги одобрил плановите на САД за напад врз Иран.

Тој го одложи давањето на конечната наредба бидејќи пред тоа чека информации од Техеран за тоа дали Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма.

Извори за „ВСЈ“ изјавија дека американскиот претседател се надева дека „заканата од приклучување кон нападите на Израел врз Иран ќе го принуди Техеран да се согласи со неговите барања“.

Порано вечерва, Трамп изјави дека ќе донесе одлука за нападот „во последната секунда“, а пред тоа беше и двосмислен пред новинарите:

„Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk