logo
logo
logo

Иран нуди ОТВОРАЊЕ НА ОРМУЗ, но загрозува две клучни цели на Трамп - Белата куќа на потег

Vecer | 27.04.2026

Иран нуди ОТВОРАЊЕ НА ОРМУЗ, но загрозува две клучни цели на Трамп - Белата куќа на потег

Иран достави официјален предлог за отворање на стратешки важниот Ормуски Теснец, со што го стави американскиот претседател Доналд Трамп пред голема политичка и воена дилема. Според извори на порталот Axios,

Техеран предложил нов договор за прекин на војната, кој веќе им бил пренесен на САД преку пакистански посредници.

Планот на Техеран предвидува итно укинување на поморската блокада и слободен премин низ Теснецот, но со еден клучен услов: преговорите за иранската нуклеарна програма да бидат одложени за подоцна. Ова му дава на Иран простор за побрзо економско закрепнување, додека новото иранско раководство останува поделено околу тоа колкави отстапки е подготвено да направи во врска со збогатувањето ураниум.

За Трамп, овој предлог претставува ризик бидејќи директно ги загрозува неговите два клучни воени цели: целосна контрола врз иранскиот збогатен ураниум и траен прекин на неговото производство. Прифаќањето на договорот сега би можело значително да ја ослаби преговарачката позиција на САД во иднина.

Во вчерашното интервју за Fox News, Трамп навести дека планира да продолжи со поморската блокада на иранскиот извоз на нафта, надевајќи се дека економскиот притисок ќе го принуди Техеран на поголеми отстапки. Претседателот сликовито ја објасни ситуацијата, тврдејќи дека иранската нафтена инфраструктура е под огромен притисок поради блокадата и дека имаат само уште неколку дена пред системот буквално да „експлодира одвнатре“ доколку нафтата не почне да тече.

Денеска во Белата куќа се очекува важен состанок на кој американската администрација ќе одлучува дали ќе го прифати иранскиот „маслинов лист“ или ќе продолжи со стратегијата на максимален притисок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk