Во текот на ноќта, серија напади со дронови и ракети ја потресоа украинската престолнина Киев, при што, според последните информации, животот го загубија најмалку шест лица, а повеќе се повредени.
Нападот причини големи оштетувања на станбена зграда во областа Шевченкивски, при што дел од објектот се урна. Спасувачките тимови се уште трагаат по луѓе кои би можеле да бидат затрупани под рушевините, а се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Градоначалникот на Киев изрази надеж дека жртвите нема да бидат повеќе, но посочи дека потрагата продолжува.
Исто така, во градот Била Црква, кој се наоѓа околу 85 километри југозападно од Киев, беше потврдено загинување на уште една личност и повредување на осум други лица.
Ова е уште еден во низата силни напади, кои се случуваат во недела после друг смртоносен напад во кој 28 лица го загубија животот во Киев, од кои поголемиот дел во урната станбена зграда. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени тој напад како „еден од најголемите бомбардирања од почетокот на војната“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата