logo
logo
logo

КРИТИКИ ОД БЕРЛИН за единствениот шеф на држава од ЕУ во Москва: „ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ СО НЕГО“

Vecer | 09.05.2026

КРИТИКИ ОД БЕРЛИН за единствениот шеф на држава од ЕУ во Москва: „ЌЕ РАЗГОВАРАМЕ СО НЕГО“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го критикуваше присуството на словачкиот премиер во Москва во саботата, кога се одржа парадата за Денот на победата на 9 мај.

Потсетуваме дека само словачкиот премиер Роберт Фицо дојде во Москва од ЕУ, а присутна беше и делегација од РС предводена од поранешниот претседател Милорад Додик.

„Роберт Фицо знае дека ова не е наш заеднички став“, рече Мерц на прес-конференција во Стокхолм.

„Длабоко жалам (за неговото присуство) таму и повторно ќе разговараме со него за тој ден во Москва“, додаде тој.

Словачкиот премиер отпатува во Москва, но не учествуваше на прославите.

Рускиот претседател Владимир Путин го прими Фицо во Кремљ во саботата.

„Вашиот доследен став во корист на зачувувањето на историската вистина наметнува почит“, рече Путин на почетокот од нивната средба, пофалувајќи ја „суверената надворешна политика“ што словачката влада се обидува да ја спроведе.

Ројтерс објави дека Путин му рекол на Фицо дека Русија ќе направи сè за да ги задоволи енергетските потреби на Словачка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk