logo
logo
logo

Каков ПОДАРОК ДОБИ Борис Џонсон, а каков Бајден (ФОТО)

Vecer | 11.06.2021

Каков ПОДАРОК ДОБИ Борис Џонсон, а каков Бајден (ФОТО)

Британскиот премиер Борис Џонсон на американскиот претседател за време на нивната средба му подарил врамена фотографија на британски мурал.

На фотографијата е прикажан афроамериканскиот аболиционист од 19 век Фредерик Даглас, соопшти кабинетот на британскиот премиер.

Бајден возвратил на подарокот со американски велосипед и кацига за Џонсон, кој е важи за љубител кон велосипедизам, а добил и шал и торба за неговата сопруга Кери, објави Ројтерс.

Инаку, Даглас избега од ропството во САД и станал аболиционистички лидер кој ги обиколил Британија и Ирска, од каде потекнуваат предците на Бајден.

Бајден го цитираше Даглас во говорот на 2020 година во време кога САД се соочуваа со прашања на современа и историска расна неправда, движење кое исто така се прошири и во Велика Британија.

Првата дама на САД, Џил Бајден го доби првото издание на „Јаболкницата“ - збирка раскази на британската авторка Дафне де Мориер, која живееla во Корнвол, живописен дел на Англија, домаќин на самитот на Г7.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk