logo
logo
logo

Жена страв и трепет: Кoja e Ким Јо Џонг- сестрата која е одговорна за култот на диктаторот?

Vecer | 07.06.2021

Жена страв и трепет: Кoja e Ким Јо Џонг- сестрата која е одговорна за култот на диктаторот?

И додека светот пишува за новиот закон кој стапил на сила во Северна Кореја а со кој на жителите им се забранува консумирање на било што што има врска со САД, Јужна Кореја и Јапонија дел од медиумите го објавија и профилот на најмладата сестра на Ким Јонг Ун за која се вели дека од ден за ден станува се помоќна.

Станува збор за Ким Јо Џонг која е десна рака на лидерот на Северна Кореја - нејзиниот брат. Како и повеќето членови на династијата Ким, има малку што може да се каже дека е точно за нејзиниот приватен живот, но факт е дека таа станува се помоќна и значајна политичка фигура во најкорумпираната земја во светот.

Според информациите достапни на Интернет, Ким Jo Џонг е родена на 26 септември 1987 година.

Студирала со својот брат во интернат во Швајцарија од 1996 до 2000 година и се претпоставува дека по враќањето во родната земја ги продолжила своите студии на Воениот колеџ Ким Ил Сунг. Може да се открие и дека студирала компјутерски науки на универзитетот Ким Ил Сунг. „Би-би-си“ ја опишува како личност со весел дух, но донекаде со манири како на маж.

Најмладата сестра на севернокорејскиот диктатор, наводно, се омажила за Чои Рионг во 2015 година, вториот син на моќниот партиски секретар Чои Рионг-ха. Тоа, сепак, извори на владата на Јужна Кореја тврдат дека не е точно. Постојат и шпекулации на Интернет дека таа била бремена во мај 2015 година, но нема потврда, бидејќи нема информации за тоа дали родила и кој пол е бебето.

Нејзина фотографија првпат излезе во јавноста во 2010 година кога беше фотографирана на конгрес на Севернокорејската лабуристичка партија. Јавноста ја виде повторно во 2011 година на погребот на Ким Јонг Ил, големиот лидер на Северна Кореја, и нејзиниот и таткото на Ким Јонг Ун. Таа беше фотографирана покрај нејзиниот брат, но нејзиното име или функција не беше познато во тоа време.

Една година подоцна, таа, наводно, добила позиција на Комитетот за одбрана како организатор на патувањето за нејзиниот брат Ким Џонг Ун, со кого наводно е многу блиска.

Нејзиното име беше објавено и во 2014 година, кога таа официјално се појави со својот брат на гласањето за Врховното собрание, а потоа беше воведена како „висок функционер на Централниот комитет на работничката партија“.

ПР, политички советник и заменик

До 2014 година, според извештаите во медиумите, нејзината улога била да се грижи за имиџот на нејзиниот брат во јавноста преку режимските медиуми.

Нејзината позиција е таква што таа кратко време ја водеше земјата кон крајот на 2014 година, кога Ким Џонг Ун имаше здравствени проблеми поради дијабетес.

Во ноември 2014 година, таа беше назначена за заменик директор на Делот за пропаганда на Работничка партија. Од јули 2015 година, таа е во првите редови на институцијата. Се смета дека токму таа е одговорна за култот на диктаторот. Наводно, таа била таа што го убедувала својот брат да го негува ликот на „човек на народот“.

Пред извесно време, таа достигна највисока позиција во нејзината кариера до денес. Беше промовирана како дел од Работничката партија Политбиро, клучно тело за одлучување во Северна Кореја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk