logo
logo
logo

ИСТА ДРЖАВА, РАЗЛИЧНИ СВЕТОВИ: Во Бањалука и Требиње изреалско а во Мостар палестинско знаме! Избрале страна и навиваат

Vecer | 15.05.2021

ИСТА ДРЖАВА, РАЗЛИЧНИ СВЕТОВИ: Во Бањалука и Требиње изреалско а во Мостар палестинско знаме! Избрале страна и навиваат

На Балканот секогаш важело правилото дека повеќе сакаме да водиме туго гајле и да решаваме нерешливи проблеми отколку да се занимаваме со сопствените кои ги туркаме под тепин. Како и небројни пати досега моменталните случувања на Блискиот исток се пренесени и на Балканот, фала му на Господ не воени, но навивачки да.

А кеде ако не во БиХ, каде што се мисли дека сите животни и егзистеционални прашања се решени како што е вакцинирањето, пандемија од корона вирус и подобар живот, па еве сега да се реши и изреалско-палестинското прашање.

Напротив ниедно прашање не е решено ни за вакцини, ни за пандемија, а за економија и да не зборуваме, но затоа како да е во прашање фудбалски натпревар и започнало навивање за Изреал или давање подршка на Палестинците.

Најпрво на Палатата на Република Српска сноши осамнало изреалското знаме. Претседателката на РС Жељка Цвијановиќ преку Инстаграм порачала:

“Подршка за нашите изреалски пријатели во обид да воспостават мир во земјата“.

Интересно е како што тоа и обично се случува во Босна веднаш некој се досетил па ни повеќе ни помалку на стариот мост во Мостар, вреоватно како противтежа или контра, закачил палестинско знаме како симбол на солидарност со Газа, бидејќи мислеле дека на оние од Блискиот исток многу ќе им значи.

Дали ќе дојде и до мининг за подршка на Изреал и Газа останува да се виде.

Во секој случај евидентно е, колку и да трае конфликтот на Блискиот исток ќе трае и навивањето по Босна за една или друга страна, и кога овој воен вихор ќе престане, ќе се најде нова тема за решавање на светските проблеми.

На крај што да се каже освен што еден твитераш забележал:

“Иста држава, различни светови“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk