logo
logo
logo

Путин: Очекував нуспојави и заспав со топломерот до мене! Сега чекам антитела

Vecer | 28.03.2021

Путин: Очекував нуспојави и заспав со топломерот до мене! Сега чекам антитела

Претседателот на Русија, Владимир Путин открил во емисија на ТВ „Русија 1“ дека после вакцината против коронавирусот очекувал некои несакани реакции. Како што рекол, покрај креветот за секој случај го ставил топломерот.

Путин на 23-ти март ја примил вакцината, а целиот процес поминал без камери од медиумите. Не е откриено ниту која од трите руски вакцини ја примил шефот на руската држава.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потоа изјавил дека претседателот се чувствува добро, а самиот Путин најавил дека, откако ќе му се развијат антитела, ќе ја прошири својата агенда и состаноци.

Која вакцина против коронавирус ја примил рускиот претседател, знаат само тој и неговиот лекар, рекол Песков.

Претходно било соопштено дека Путин не се согласува на вакцинација пред камери и затоа нема да биде објавена снимка од тој процес.

Како што соопштил портпаролот на Кремљ, рускиот претседател и без тоа веќе доволно работи на пропагандата за вакцини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk