logo
logo
logo

Американците ќе почнат да гледаат и низ ѕидови: Со паметни очила ќе "шпионираат" дење и ноќе

Vecer | 10.03.2021

Американците ќе почнат да гледаат и низ ѕидови: Со паметни очила ќе "шпионираат" дење и ноќе

Американската војска отсега ќе може да гледа што се случува зад некој ѕид и тоа благодарение на технологијата која ја развила.

Впрочем, со ваквото "шпионирање" во туѓите домови, војската сака да ги намали безизлезни ситуации во кои често пати се наоѓа -  а тоа е кога не можат да видат што се случува зад некој ѕид, барикада или возило. Во ваквите ситуации тие најчесто се приморани да го ризикуваат животот само за да погледнат каде се наоѓа непријателот.

Американската војска сака да го смени тоа, со помош на технологијата која ја развила.

Станува збор за технологија наречена Интегрејтед вижуал огментејшн систем (ИВАС), што се всушност очила кои содржат комбинација од камера и сензори, благодарение на кои се проектира сликата на она што треба да се наоѓа зад некој ѕид.

Војниците кои се наоѓаат во оклопно возило, на пример, користејќи го овој систем нема да мора да излегуваат надвор за да видат што се случува, туку на екраните на своите паметни очила ќе можат да го видат „преносот“ од камерите поставени на возилото, а токму тие камери би можеле да гледаат зад агли.

Кога станува збор за оружјето (пушките на пример), можат да се постават термални камери кои на војниците им овозможуваат да гледаат во мрак, а очилата би можеле да прикажуваат и дигитални „мапи“, што е особено корисно кога војниците се наоѓаат на непозната територија.

Пентагон смета дека оваа технологија ќе го сведе бројот на непотребни жртви на минимум, токму поради тоа што ќе ја зголеми ефикасноста на бојното поле, а планот е да се вложи 1,1 милијарда долари во ИВАС, со кој ќе биде опремена пред сè пешадијата на првата линија на фронтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk