logo
logo
logo

НАЈМАЛКУ 12 УБИЕНИ во вооружен напад во Јоханесбург

Vecer | 10.06.2026

НАЈМАЛКУ 12 УБИЕНИ во вооружен напад во Јоханесбург

Најмалку 12 лица се убиени во масовно пукање во сиромашен кварт во Јоханесбург, откако група од над 10 осомничени лица влегла во населбата и отворила оган кон жителите, соопшти полицијата во Јужна Африка, пренесуваат светските медиуми.

Според извештаите што ги пренесува Би-би-си, во пукањето се повредени уште девет лица, додека потрагата по осомничените напаѓачи и понатаму е во тек.

Нападот, како што информира полицијата, се случил во дива населба во областа Кливленд во Јоханесбург, а се верува дека групата вооружени мажи во неа влегла преку два влеза и почнала да пука кон жителите.

„Сознанијата се дека повеќе од 10 осомничени биле оставени со бело возило ‘тојота квантум’ во близина на бензиска пумпа во Кливленд… Осомничените наводно влегле во неформалната населба низ двата влеза и се движеле низ облста, отворајќи оган врз жителите и членовите на заедницата на повеќе локации, пред да избегаат од местото на настанот со истото возило“, се наведува во соопштението на полицијата во Јоханесбург.

Од локалната полициска станица соопштиле дека пукањето во населбата било пријавено синоќа околу 23:10 часот, според локално, односно 22:10 часот според средноевропско време.

На местото веднаш биле упатени полициски сили, како и екипи на Итна медицинска помош за пружање помош на повредените жители на сиромашниот кварт.

Според полицијата, осум мажи и три жени починале на местото на настанот, додека уште едно машко лице им подлегнало на повредите во болница.

Најмалку девет други лица биле однесени во разни медицински установи за лекување на прострелни рани.

Мотивот за нападот засега останува непознат и полицијата работи на негово расветлување во рамките на истрагата, која е во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk