Европската комисија предупредува дека стотици илјади работни места низ Европската Унија би можеле да бидат во опасност во наредните години поради високите цени на енергијата, индустриското реструктуирање и зелената транзиција, според податоците од пакетот препораки за земјите-членки.
Според документите што ги виде Политико, Брисел проценува дека притисокот само од зголемувањето на цените на енергијата би можел да доведе до 560.000 работни места во опасност до 2026 година.
Најпогодени сектори се градежништвото, металургијата, хемикалиите и транспортот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата