logo
logo
logo

Кој сака војна во Украина? ТИЕ ШТО ИМААТ ВОЕН БИЗНИС. ВО ГЕРМАНИЈА ИСЧЕЗНАА МИЛИЈАРДА ЕВРА!

Vecer | 08.07.2025

Кој сака војна во Украина? ТИЕ ШТО ИМААТ ВОЕН БИЗНИС. ВО ГЕРМАНИЈА ИСЧЕЗНАА МИЛИЈАРДА ЕВРА!

Една милијарда евра што беа наменети за Украина исчезнаа во Германија, пишува германскиот весник „Билд“.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус претходно објави издвојување на 9 милијарди евра за Украина во 2025 година. Според информациите од „Билд“, сега владата споменува само 8 милијарди.

Според новинарите, во германското Министерство за одбрана владее финансиски хаос. Писториус ја објави намерата да издвои 9 милијарди евра за воена помош за Украина на 12 јуни во Киев. Една недела подоцна, Министерството за одбрана прецизираше дека 7,3 милијарди веќе се одобрени од парламентот, а дека уште 1,9 милијарди чекаат потврда во Бундестагот. Вкупно, за 2025 година се планирани до 9,2 милијарди евра.

Сепак, на 23 јуни, германското Министерство за финансии го презентираше нацрт-буџетот за 2025 година пред Советот на министри. Тој беше одобрен, но сумата беше намалена на 8,3 милијарди евра.

Пред тоа, министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, изјави дека заедно со министерот за одбрана Борис Писториус испратил писмо до земјите од Европската Унија со барање да се најде можност за дополнителна испорака на системи за воздушна одбрана на Украина.

Претходно, во Германија беше објавена „голата вистина“ за нивото на одбранбената способност на Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk