logo
logo
logo

ТРИ ДЕЦА УБИЕНИ СО ПУШКА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ - Минувач го убил напаѓачот

Vecer | 16.10.2026

ТРИ ДЕЦА УБИЕНИ СО ПУШКА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ - Минувач го убил напаѓачот

Страшна трагедија ја потресе американската сојузна држава Орегон откако тинејџер вооружен со пушка упадна во основното училиште „Силвер Реил“ во градот Бенд, убивајќи три мали деца и еден наставник.

Крвавиот пир се случил во четвртокот попладне кога напаѓачот насилно влегол во училишната зграда пукајќи директно во заклучените стаклени врати. Полициските екипи пристигнале на местото на настанот за само три минути, каде што констатирале дека осомничениот веќе е мртов.

Според официјалните информации од полицијата во Бенд, почетокот на уште поголем масакр го спречил локален жител – храбар минувач кој веднаш тргнал по вооружениот тинејџер и успеал смртно да го застрела на лице место пред да одземе уште повеќе животи.

Полициската истрага е во тек, а истражителите сè уште ги утврдуваат мотивите за овој морничав напад, како и начинот на кој малолетниот убиец дошол до огненото оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk