logo
logo
logo

HUAWEI или Брисел? Еве кого одбраа Германија и Шпанија, ЕУ единството на испит

Vecer | 05.06.2026

HUAWEI или Брисел? Еве кого одбраа Германија и Шпанија, ЕУ единството на испит

Германија и Шпанија се главните противници на плановите на Европската комисија да им забрани на кинеските добавувачи на технологија како што се „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ пристап до европските телекомуникациски мрежи преку нови правила за сајбер безбедност.

Според анонимни извори запознаени со преговорите, Берлин и Мадрид сакаат земјите-членки да ја задржат контролата врз одлуките за телекомуникациската инфраструктура и предупредуваат дека забраната за опрема од кинески компании на ниво на цела ЕУ би можела да предизвика одговор од Кина, објавува „Блумберг“.

Службениците од двете земји, исто така, веруваат дека отстранувањето на кинеската опрема би можело значително да ги зголеми трошоците за развој на инфраструктура за вештачка интелигенција во Европа.

Одлуките за телекомуникациската инфраструктура формално ги донесуваат националните влади, но Брисел сака да го зајакне надзорот и да ги направи препораките на Европската комисија правно обврзувачки низ цела ЕУ преку измени во Законот за сајбер безбедност.

Предложените измени би вклучувале и проценка на ризикот од странско политичко влијание и зависност од индивидуални добавувачи.

Европските земји ги балансираат економските односи со Кина со безбедносни предупредувања од Соединетите Американски Држави и европските сојузници за можните ризици од кинеската технологија во критичната инфраструктура.

Пратениците и експертите за безбедност во Европа и САД со години предупредуваат дека кинеските компании би можеле да добијат неовластен пристап до податоците на корисниците преку телекомуникациските мрежи, додека „Хуавеи“ и „ЗТЕ“ ги отфрлаат овие тврдења.

Портпаролот на „Хуавеи“ изјави дека исклучувањето на кинеските добавувачи само врз основа на земјата на потекло би ги прекршило основните правни принципи на Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk