logo
logo
logo

Техеран - НЕМА ПРЕГОВОРИ ПОД ЗАКАНИ И УЦЕНИ

Vecer | 21.04.2026

Техеран - НЕМА ПРЕГОВОРИ ПОД ЗАКАНИ И УЦЕНИ

Иран остро ги одби преговорите со Соединетите Американски Држави под услови на притисок и закани. Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач, Мухамед Багер Галибаф, упати директен одговор до Белата куќа, нагласувајќи дека Техеран нема да прифати диктат.

Преку објава на социјалната мрежа „X“, Галибаф обвини дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува преговарачката маса да ја претвори во „маса за капитулација“. Оваа реакција доаѓа откако Трамп упати брутален ултиматум до иранските власти: или прифаќање на понудениот договор, или целосно уништување на клучната инфраструктура на земјата.

„Ако договорот не биде постигнат, ќе ги гаѓаме нивните мостови и електрани. Целата земја ќе биде уништена“, изјави Трамп во неделата, повторувајќи ја заканата дека САД се подготвени да ја „уништат цивилизацијата“ во Иран. Тој додаде дека нуди „фер договор“, но дека е време да се запре „иранската машина за убивање“.

Иако Трамп објави дека иранската делегација веќе тргнала кон Пакистан, Техеран првично ги демантираше овие наводи. Неофицијално, втората рунда преговори е планирана за среда во Исламабад, но ситуацијата останува крајно нестабилна поради запаливата реторика од двете страни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk