logo
logo
logo

ПОЧНУВА БИТКАТА ЗА НАСЛЕДНИК НА ГУТЕРЕШ - Четворица претенденти во првата фаза

Vecer | 20.04.2026

ПОЧНУВА БИТКАТА ЗА НАСЛЕДНИК НА ГУТЕРЕШ - Четворица претенденти во првата фаза

Трката за наследник на Антонио Гутереш во Обединетите нации влегува во клучна фаза со пријавувањето на првите четворица кандидати. Оваа недела тие ќе бидат јавно интервјуирани, што претставува ретка практика во историјата на организацијата – ова е само вторпат ОН да спроведуваат ваков тип јавно соочување со кандидатите пред официјалното именување.

Иако конечниот збор традиционално го имаат петте постојани членки на Советот за безбедност со право на вето (САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција), меѓународниот притисок за промени е голем. Многу држави јавно лобираат на челото на ОН конечно да застане жена, додека земјите од Латинска Америка инсистираат на почитување на принципот на географска ротација, барајќи нивен претставник да ја преземе највисоката дипломатска функција во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk