logo
logo
logo

БИЛ ЛЕВИЧАР ПО УБЕДУВАЊЕ: Ова е осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Vecer | 12.09.2025

БИЛ ЛЕВИЧАР ПО УБЕДУВАЊЕ: Ова е осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, кој е идентификуван како Тајлер Робинсон (22), е уапсен, потврди шефот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.

Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута, е уапсен 33 часа по убиството на Чарли Кирк на Универзитетот Јута Вели. Властите потврдија дека член на семејството му кажал на семеен пријател дека Робинсон наводно имплицирал дека го извршил злосторството, а потоа тој пријател ја известил полицијата. Важел за левичар по убедување.

Истражителите пронашле пушка и куршуми со натписи како „Еј фашисту! Фаќај!“ („Hey fascist! Catch!“) и „Бела Чао“ („Bella Ciao“).

Гувернерот Кокс рече дека Робинсон се предал во Вашингтон, мало место во југозападна од Јута, кое е околу 420 километри од Солт Лејк Сити. Робинсон исто така живеел таму.жhttps:

Канцеларијата на гувернерот на Јута објави негови фотографии по апсењето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk