logo
logo
logo

Израелскиот претседател го нарече нападот врз иранските нуклеарни постројки „историски чекор“

Vecer | 22.06.2025

Израелскиот претседател го нарече нападот врз иранските нуклеарни постројки „историски чекор“

Израелскиот претседател Исак Херцог во неколку изјави за западни медиуми го оцени неодамнешниот американски напад врз најзначајните ирански нуклеарни постројки во Фордо, Натанз и Исфахан како историски и храбар потег.

Херцог одби да зборува за степенот на разурнување на нападнатите објекти, но подвлече дека со воздушните напади на САД е нанесен тежок удар врз иранската нуклеарна програма.

На прашањето дали ова ќе резултира со прекин на израелските акции против Иран, Херцог не даде конкретен одговор и посочи дека и понатаму се лансираат ракети кон Израел од Техеран.

Прашан како Израел ги убедил Соединетите Американски Држави да се вклучат во оваа воена акција, претседателот истакна дека официјално не бил испратен барање, ниту бил извршен притисок врз американската администрација. Според него, одлуката ја донела Белата куќа, имајќи ја предвид глобалната безбедност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk