logo
logo
logo

УЛТИМАТУМ НА ТРАМП: Бомби или договор до среда!

Vecer | 18.04.2026

УЛТИМАТУМ НА ТРАМП: Бомби или договор до среда!

Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозно предупредување до Техеран, нагласувајќи дека примирјето со Иран би можело да биде прекинато доколку до среда не се постигне конечен и долгорочен договор. Во изјава за новинарите дадена во претседателскиот авион „Air Force One“ на враќање од Финикс кон Вашингтон, Трамп истакна дека постои реална можност да не го продолжи актуелното примирје.

Претседателот на САД беше дециден дека, без оглед на исходот од преговорите, поморската блокада на иранските пристаништа ќе остане на сила. „Можеби нема да го продолжам примирјето, но блокадата останува. Значи, ја имате блокадата, а за жал ќе мораме повторно да почнаме да фрламе бомби“, изјави Трамп, пренесува Ројтерс. Оваа реторика дополнително ги загрева тензиите во пресрет на крајниот рок за преговори, ставајќи го во прашање досегашниот дипломатски напредок меѓу двете земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk