logo
logo
logo

НАПАД НА АВИОНИ: Погледнете го ненадејниот упад во британската воздухопловна база, оштетени се два авиона!

Vecer | 20.06.2025

НАПАД НА АВИОНИ: Погледнете го ненадејниот упад во британската воздухопловна база, оштетени се два авиона!

Пропалестинската активистичка група „Палестинска акција“ ја презеде одговорноста за нападот врз воената база на РАФ „Брајз Нортон“ во Оксфордшир, за време на кој призна дека оштетила два воени авиони.

Министерството за одбрана на Велика Британија го осуди инцидентот, нарекувајќи го „вандализам“.

На социјалната мрежа Х, групата објави видео на кое се гледа како лице на електричен скутер се приближува кон авион, додека на пистата е истурена црвена боја.

Активистите тврдат дека користеле пренаменети противпожарни апарати за да испрскаат црвена боја, што ја симболизира крвта на Палестинците, врз турбините на два авиона „Ербас Војаџер“, а дополнително ги оштетиле со лостови.

На пистата беше оставено и палестинско знаме.

Министерството за одбрана соопшти:

„Остро го осудуваме овој чин на вандализам врз средствата на Кралските воздухопловни сили. Нашите вооружени сили го претставуваат најдоброто од Велика Британија, а нивната посветеност, храброст и жртва заслужуваат почит. Соработуваме со полицијата во нивната истрага за овој инцидент.“

„Палестинска акција“ наведува дека ја спровеле акцијата за да привлечат внимание кон фактот дека авионите полетуваат од оваа база секој ден кон базата на РАФ Акротири на Кипар, која се користи за воени операции во Газа и поширокиот Блиски Исток.

Полицијата истражува како двајца активисти успеале да провалат во најголемата воздухопловна база во Велика Британија и да избегнат апсење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk