logo
logo
logo

КРЕМЉ СО УСЛОВ ДО КИЕВ: Повлечете се од Донбас за да почнат преговорите

Vecer | 03.04.2026

КРЕМЉ СО УСЛОВ ДО КИЕВ: Повлечете се од Донбас за да почнат преговорите

За да се запре војната, Украина мора да ги повлече своите трупи од Донбас, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, Владимир Путин.

„Повеќе пати изјавивме дека за да се сопре жешката фаза од специјалната воена операција, Украина мора да ја повлече својата војска од Донбас. Тоа мора да биде сторено. Тоа навистина би го олеснило преминувањето кон процесот на решавање на конфликтот со политички и дипломатски средства“, изјави Песков пред новинарите, пренесува агенцијата „РИА Новости“.

Според неговите зборови, не постојат поставени рокови за повлекување на украинските трупи од Донбас, но тој дециден е дека таквиот потег би бил клучен за отворање пат кон преговори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk