Во меѓународна полициска операција спроведена помеѓу 13 и 26 април оваа година, запленети се 11 тони кокаин и 8,5 тони хашиш, а уапсени се 54 лица во операција насочена кон криминални мрежи кои шверцуваат дрога од Латинска Америка до Европа преку Атлантикот, објави денес Европол.
Според соопштението на Европол, операцијата била насочена кон таканаречените „морски патишта“ на шверц, преку кои кокаинот сè повеќе се транспортира надвор од главните пристаништа за да се избегнат контролите и традиционалните методи на откривање.
Операцијата е спроведена во источниот Атлантик, помеѓу Канарските Острови и Азорските Острови, со вклучување на поморски сили кои следеле, пресретнувале и запленувале сомнителни бродови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата