logo
logo
logo

Германија не може без Сиријците. ОКОЛУ 6.000 ЛЕКАРИ, СИРИЈЦИ, РАБОТАТ ВО НИВНИОТ ИСТЕМ

Vecer | 08.05.2026

Германија не може без Сиријците. ОКОЛУ 6.000 ЛЕКАРИ, СИРИЈЦИ, РАБОТАТ ВО НИВНИОТ ИСТЕМ

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека граѓанската војна во Сирија е завршена и дека повеќе нема основа за азил за сириските бегалци во Германија, најавувајќи можни депортации.

Здравствениот систем на Германија вработува повеќе од 6.000 сириски лекари, а поранешната министерка за внатрешни работи Ненси Фазер предупреди дека „цели сектори“ од здравството ќе се урнат доколку Сиријците што работат во нив мора да заминат.

Во Германија, со стекнат работен стус или без него, во мементов има околу 1,5 милиони Сиријци.  Од друга страна, оние што бараат протерување на сириските бегалци ја наведуваат статистиката како главна причина. Германската федерална криминална полиција објави дека, во просек, на сто илјади жители, Сиријците извршуваат значително повеќе кривични дела од Германците, од ситни кражби до најтешки убиства.

Споменатиот сооднос предизвика интензивна политичка дебата. Но, криминолозите предупредуваат дека Сиријците во Германија се исклучително млада популација со просечна возраст од 25 години, претежно мажи и социоекономски маргинализирани, а токму возраста, полот и сиромаштијата се фактори што статистички го зголемуваат ризикот од кривични дела кај сите популации, без оглед на националноста.

Методолошки, важно е и тоа што полицијата ја користела категоријата „новодојдени мигранти“, што ги вклучува лицата без регуларен статус на престој, додека огромното мнозинство Сиријци во Германија всушност добиле заштитен статус, а податоците покажуваат дека криминалот кај странските државјани се намалува колку подолго остануваат во земјата и колку е поуспешна интеграцијата.

Од речиси 1,5 милиони сириски граѓани што живеат во Германија, 589.890 имаат статус на привремена заштита од хуманитарни причини, а само 71.310 имаат постојан престој.

Околу 256.000 Сиријци плаќаат придонеси во германскиот социјален систем преку работа, додека само 22,2 проценти од сириските жени во Германија се регистрирани како вработени, во споредба со 61,8 проценти од мажите.

Џазмати и Алхамуд, секој на својата страна од таа поделба, илустрираат што статистиката сама по себе не може - одговорот на прашањето дали Сиријците ќе се вратат зависи не само од тоа што се случило во декември 2024 година, кога Асад паднал, туку и од тоа што се случува секој ден потоа - и кои биле тие, каде живееле и кого изгубиле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk