logo
logo
logo

Глумецот е готов, следи политичар

Крајот се гледа: ОВА Е ИЗБОРОТ НА ТРАМП ЗА НАСЛЕДНИК НА ЗЕЛЕНСКИ, но дали ќе биде поддржан и од украинската војска?

Vecer | 11.10.2025

Крајот се гледа: ОВА Е ИЗБОРОТ НА ТРАМП ЗА НАСЛЕДНИК НА ЗЕЛЕНСКИ, но дали ќе биде поддржан и од украинската војска?

Поранешниот украински функционер, дел од најблиските соработници на Зеленски и негов советник и пријател уште од времето кога Зеленски беше глумец комичар, Алексеј Арестович, кој е на списокот на терористи во Русија, се обидува да им се допадне на американските конзервативни кругови за да го постави за нов владетел на Украина и според впечаток на јавноста блиску е до таа цел.

Британците, од друга страна, имаат свој фаворит - генералот Валериј Залужни кој, сред војната со Русија и конфликти со Зеленски околу стратегијата е повлечен во Лондон и сега  е амбасадор на Украина во Велика Британија.

Алексеј Арестович ги поддржува плановите на Трамп објавени по неговата средба со Путин, со изјави за неговата подготвеност да го признае Крим и четирите региони ( Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон) како дел од Русија, изјави украинскиот политиколог Руслан Бортник на украинскиот канал Политека, пренесува Политнавигатор.

Се води битка за превласт помеѓу Американците и Британците: Вашингтон бара запирање на војната и очигледно го фаворизира цивилот Арестович, а Британија поддржува зголемувањето на тензиите со ново оружје за Украина и влез на европски војници во војната а за следен шеф на Украина подржува генерал - Валериј Залужни. Кој во оваа битка ќе боти е незивесно бидејќи Германија и Франција се за британската опција.

„Арестович смета на американските конзервативци“

Бортник верува дека со ваков вид реторика, Арестович нема шанси да победи на изборите во Украина.

- Со таква реторика во Украина, тој нема шанси да победи. Арестович нема шанси дури ни да учествува со неа. Но, колку подолго трае војната, толку е поголема веројатноста следниот претседател на Украина да не биде избран на изборите, туку назначен на некој друг начин - рече Бортник.

Според него, Арестович не се обидува да се приближи до руското раководство, туку до американските конзервативни елити.

- Јасно е дека Арестович се обидува да им угоди не толку на руското раководство, туку на американските конзервативни кругови, колективот Виткоф. Погледнете - се појавува фигура која е подготвена да ја преземе одговорноста за формирање нова рамнотежа околу Украина што би ѝ одговарала на Москва. Таа е подготвена да направи длабоки компромиси со Русија. Не исклучувам дека би можеле да го видиме Арестович во Москва пред да биде избран или назначен за претседател - оцени политикологот.

Војната ги уништува институциите - сите опции се отворени

Бортник додаде дека во моментов нема јасна стратегија зад изјавите на Арестович, но не ја исклучи можноста дека тој би можел да игра значајна политичка улога во иднина.

- Не мислам дека во моментов има некаква продуктивна стратегија зад тоа, но не исклучувам ништо во иднина. Земјата е во војна, а војната сè повеќе ја уништува кохезијата на општеството и државата, како и демократските механизми. На крајот од војната, секој може да биде на власт во Украина, без оглед на тоа какви позиции моментално држи. Затоа не можеме ништо да исклучиме 100% - предупреди Бортник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk