Бродовите во Заливот пријавија дека добиле пораки со предупредување дека на ниту еден брод не му е дозволено да го помине Ормускиот теснец, според агенциите на ЕУ и Велика Британија, иако Иран не потврдил никакво затворање, јавува Џерусалим пост.
Службеник од поморската мисија на Европската Унија „Аспајдес“ изјави во саботата дека бродовите што работат во Заливот добиваат VHF радио пораки од иранската Револуционерна гарда во кои се наведува дека „на ниту еден брод не му е дозволено да го помине Ормускиот теснец“.
Службеникот, кој разговараше со Ројтерс под услов да остане анонимен, рече дека Иран формално не потврдил издавање на таква наредба.
Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) одделно соопшти дека добила повеќекратни извештаи од бродови во Заливот дека биле информирани за затворањето на Ормускиот теснец.
Околу 20% од светското снабдување со нафта минува низ овој стратешки теснец.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата