Постојат најави дека иранската армија ќе одлучи кога, како и на кој начин ќе одговори на последните напади на САД и Израел врз територијата на земјата, соопшти постојаниот претставник на Иран при Обединетите нации, Амир Саеид Иравани.
За време на итната седница на Советот за безбедност на ОН, Иравани директно ги обвини САД дека со воздушните удари врз иранска територија го саботираат дијалогот и ги намалуваат шансите за мирно решавање на тензиите во регионот.
Овие остри реакции следат по воздушните напади на САД врз трите стратешки важни ирански нуклеарни локации: Фордо, Натанз и Исфахан. По овие настани, сојузниците на САД повикаа Вашингтон и Техеран да седнат повторно на преговарачката маса, предупредувајќи на опасноста од проширување на конфликтот во поширок регионален контекст.
Неколку држави и организации од регионот, вклучително и групи кои се сметаат за блиски до Иран, ги осудија нападите, но воедно апелираа на воздржаност и на потребата од итна деескалација на состојбата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата