Меѓу САД и Иран постигнат е „конечен, договорен текст на мировниот договор“, вели пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
Пакистан, кој служеше како медијатор за време на разговорите меѓу двете страни, сега работи на „финализирање на следните чекори“, напиша Шариф во објава на Икс.
Шариф, исто така, го осуди она што го нарече „непрекината кампања на дезинформации што ја водат оние што сакаат да го саботираат мировниот договор“.
„Мирот никогаш не бил толку блиску како што е сега“, додаде тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата