Четири лица се убиени, а 14 се ранети во масовно пукање во Чикаго во среда вечерта, соопшти полицијата.
Масакрот се случил во населбата Ривер Норт, кога најмалку еден вооружен човек излегол од автомобил и отворил оган врз толпата што стоела надвор, објавува ABC News.
Напаѓачот веднаш се вратил во автомобилот, кој избегал од местото на настанот.
Сè уште никој не е приведен.
Меѓу загинатите има двајца мажи и две жени, а од 14-те ранети, тројца се во критична состојба и се хоспитализирани. Жртвите биле претежно на возраст од 20-ти до 30-ти години.
Според податоците за криминалот во Чикаго, бројот на убиства во градот се намалил за 32% од 29 јуни, а бројот на пукања се намалил за 39%.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата