logo
logo
logo

Ветеното е исполнето: РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ КОИ СОБОРИЈА АМЕРИКАНСКИ Ф-16 ВО УКРАИНА НАГРАДЕНИ СО 200.000 ЕВРА

Vecer | 31.05.2025

Ветеното е исполнето: РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ КОИ СОБОРИЈА АМЕРИКАНСКИ Ф-16 ВО УКРАИНА НАГРАДЕНИ СО 200.000 ЕВРА

Руски војници беа наградени со речиси 200.000 долари за соборување на американски борбен авион Ф-16 во Украина, пишува „Телеграф“.

Дванаесет припадници на вооружените сили ја добија наградата од руската нафтена компанија Форес, која ја вети минатата година.

Форес го исполни своето претходно ветување и им префрли 15 милиони рубли на припадниците на руските вооружени сили за соборување на првиот Ф-16 во зоната на специјални воени операции, објави компанијата.

- Дванаесет војници кои учествуваа во гаѓањето на целите добија парични сертификати - се додава во соопштението, во кое се наведува дека церемонијата се одржала на 29 мај.

Наградите се дел од поширока стратегија за охрабрување на Русите да вложат дополнителни напори за уништување на западната воена опрема. Украина верува дека испораката на борбени авиони Ф-15 и Ф-16 е од суштинско значење за одбраната на нејзиниот воздушен простор.

Според достапните информации, Киев изгубил три вакви авиони од минатото лето, кога пристигнаа Ф-16 од САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk