logo
logo
logo

НАШИТЕ ЛУЃЕ СЕ ВЕЌЕ НА ПАТ КОН МОСКВА, се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот, најави Трамп

Vecer | 12.03.2025

НАШИТЕ ЛУЃЕ СЕ ВЕЌЕ НА ПАТ КОН МОСКВА, се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија.

-Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“.

– Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, додаде американскиот претседател.

-Можеме да извршиме притисок врз Русија. Се надевам дека нема да биде потребно, но можеме да го направиме тоа на Русија, рече Трамп.

– Можам да направам некои многу лоши работи финансиски за Русија, тие би биле многу погубни за Русија. Но, не сакам да го сторам тоа бидејќи сакам мир, посочи Трамп.

Претходно денеска, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД во текот на денот ќе имаат контакт со руската страна и се надеваат на позитивен одговор од Москва.

-Силно ги повикуваме Русите да ги прекинат сите непријателства. Нема воено решение за овој конфликт, рече Рубио. Тој потврди дека разговорите во Џеда вклучиле дискусии за тоа „како треба да изгледа преговарачкиот процес“, вклучително и „разговори за територијални отстапки“.

-Ако Русите одбијат, тоа ќе ни каже многу за нивните цели и начин на размислување, рече Рубио.

Рубио истакна дека на Украина и треба доволно силна заштита од идни напади. Тој додаде дека европските земји ќе мора да се вклучат во овој поглед. Рубио истакна дека договорот за минерални суровини не треба да се толкува како безбедносна гаранција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk