logo
logo
logo

Британец загинал кога го прегазила придружбата на претседателот на Кенија- не застанале

Vecer | 14.03.2025

Британец загинал кога го прегазила придружбата на претседателот на Кенија- не застанале

Портпаролот на полицијата изјави дека пешакот, кој бил „странски државјанин“, загинал по несреќа во која учествувало владино возило, објави Би-Би-Си.

Возачот на возилото е уапсен, а подоцна пуштен со кауција. Портпаролот на британското Министерство за надворешни работи изјави дека „го поддржува семејството на Британецот кој почина во Кенија и е во контакт со локалните власти“.

Возачот кој удрил во пешакот од безбедносни причини не застанал по несреќата, бидејќи во близина бил автомобилот на претседателот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk